Дома Топ вести Мурињо пронајде фантастичен партнер на Погба и по неговиот потпис тргнува во јуни?

Мурињо пронајде фантастичен партнер на Погба и по неговиот потпис тргнува во јуни?

mourinho

Како што пренесуваат медиумите во Италија, Жозе Мурињо е во потрага по партнер на Пол Погба во средниот ред на „црвените ѓаволи“.

Според „Калчомеркато“, Португалецот со големо внимание ги следи настапите на одличниот фудбалер на Лацио, Сергеј Милинковиќ Савиќ, но како што се наведува Мурињо по потписот на овој 22 годишен фудбалер ќе тргне во текот на летото.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Да потсетиме, Клаудио Лотито, во изминатиот преоден рок одби понуда од 70 милиони евра за Савиќ и порача дека е спремен да преговара од јуни 2018, но за цена од 100 милиони евра.

Претходно, интерес за Савиќ покажаа Јувентус, Ливерпул, Манчестер Сити и Челзи.

За Савиќ неодамна зборуваше и спортскиот директор на клубот Игли Таре.

„Настапите на теренот ја одредуваат цената на фудбалерот. Добивме неколку понуди за него кои ја достигнуваат сумата од 70 милиони евра. Савиќ пред шест месеци го продолжи договорот што значи дека е среќен тука“, изјви Тере.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…