Дома Фудбал Мурињо прозборе за својата иднина: Нормално дека тоа ќе ми биде чест

Мурињо прозборе за својата иднина: Нормално дека тоа ќе ми биде чест

mourinho

Манчестер Јунајтед вчера на сметката на Мурињо му исплати 15 милиони фунти.

Оваа информација за Дејли Мејл ја пренесува извор близок на Мурињо кој додава дека сега се е решено со Јунајтед и португалскиот тренер сега може да бара нов клуб.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мурињо веќе одамна се поврзува со Реал Мадрид, но и Интер, а самиот Португалец истакна дека ќе му биде чест повторно да се врати во еден од своите поранешни клубови.

„Нормално дека тоа ќе ми биде голема чест, но не сме преговарале. Кога вас ќе ве посакуваат поранешните клубови, тоа е огромна чест. Тоа значи дека сте направиле нешто добро и дека вредите како личност.“ – изјави Моу и додаде:

„Ова е момент кога треба да бидам смирен, да видам каде грешев и ја анализирам годината зад мене. Исто така, да почнам да се спремам за следните предизвици.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…