Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо потврди дека иднината на голманот Де Геа е неизвесна на „Олд Трафорд“.
Де Геа има договор до крајот на сезоната, но клубот има можност за автоматски да го продолжи договорот на додатни 12 месеци, што сигурно ќе го стори.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, двете страни не можат да најдат заеднички јазик за продолжување на соработката и доколку Де Геа не стави потпис на нов договор до крајот на сезоната, Манчестер Јунајтед ќе биде приморан да го продаде.
„Не сум убеден дека Де Геа ќе потпише нов договор, но не сум загрижен. Не знам што ќе се случи, ќе покаже времето“, истакна Мурињо.
„Само клубот, Давид и неговите менаџери можат да одговорат на ова прашање. Мојот коментар е дека сите знаат каков голман е тој и колку е важен за Манчестер Јунајтед“, додаде Португалецот.
Денес се појави информација дека Де Геа е на радарот на Јувентус и дека следното лето би можел да се пресели во Торино.
José Mourinho says he is "not confident" David de Gea will extend his Manchester United contract, but has urged the club to keep him. (Source: SkySports) pic.twitter.com/Ijfb7UPYLx
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) October 26, 2018