Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо планира да донесе пет нови зсилувања во летниот преоден рок, пренесуваат англиските медиуми.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
„Специјалниот“ има намера да донесе двајца фудбалери за врска кои ќе бидат замена за Мајкл Карик и Маруан Фелаини, еден централен дефанзивец и два бека.
Што се однесува на средниот ред на списокот на Мурињо се наоѓаат неколку имиња, а на врвот на листата желби се Артуро Видал и Верати, а како алтернативи се споменуваат Фред од Шахтјор и Жоржињо од Наполи.
Главната трансфер цел во одбраната е дефанзивецот на Тотенхем, Тоби Алдервајлед, а некои медиуми тврдат дека Белгиецот веќе има постигнато договор со „црвените ѓаволи“.
Дани Роуз, Килијан Тирни и Алекс Сандро се главните фаворити да ја засилат левата бековска позиција, додека за десната бековска позиција најголема желба е Хектор Белерин од Арсенал.
Медиумите тврдат дека најмалку шестмина фудбалери ќе го напуштат „Олд Трафорд“ ова лето. Покрај споменатите двајца сигурни патници се уште Дени Блинд, Лук Шо, Матео Дармијан и Маркос Рохо.