Рома е силно заинтересирана за талентот на Арсенал, Мајтланд Најлс, пренесуваат медиумите на Островот.




Мурињо долго време го следи играчот и сака да го донесе на позајмица во јануари. За играчот се интересира и Евертон, но Мурињо сака да ја победи конкуренцијата.




Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Најлс е во добри пријателски односи со Абрахам и веќе имале телефонски разговор, па би сакал да играат заедно на „Олимпико“.




Мурињо му ветил дека ќе игра важна улога во неговиот тим, па наскоро ќе седнат на преговарачка маса со Арсенал.