Раководството на Интер одби уште една понуда од Манчестер Јунајтед за трансфер на Иван Перишиќ во англискиот клуб.
„Football Italia“ пренесува дека менаџерот на „Црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо за хрватскиот репрезентативец е подготвен да одвои 45 милиони евра плус бонуси, но за Интер тоа не е доволно.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Клубот од Милано за 28-годишниот играч за врска бара од 50 до 55 милиони евра и како што сега стојат работите тешко дека ќе попушти. Перишиќ минатата сезона одигра 41 натпревар за Интер и постигна 10 гола со исто толку асистенции.
Хрватот има договор со клубот од Милано до 2020. година, а Интер за него покажа и Баерн Минхен.
Баварците ќе се обидат да го вратат во Бундеслигата, каде што тој со голем успех настапуваше за Борусија Дортмунд (2011-2013) и Волфсбург (2013-2015), од каде што се пресели во Интер за 19 милиони евра.