Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо му се јавил лично на претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез за да ја разгледа можноста за евентуален трансфер на Едер Милитао.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Специјалниот“ е во потрага по наследник на Јан Вертонген, кој на крајот на сезоната ќе го напушти клубот и прва желба е токму Милитао.
Милитао има тешка прва сезона на „Сантиаго Бернабеу“ со оглед дека не може да се избори за голема минутажа покрај неприкосновенииот тандем Варан – Рамос.
22-годишниот дефанзивец минатото лето беше платен 50 милиони евра и требаше да биде големо засилување, но сега и самиот размисува да ја промени средината бидејќи оваа сезона беше стартер на само седум меча.
Меѓутоа, Перез го шокирал својот поранешен тренер бидејќи нема лесно да се откаже од Милитао и за неговата слобода бара 70 милиони фунти.