Дома Фудбал Мурињо му одговори на Солскјер: За него големината на головите не е важна, важен му е шеснаесетникот

Мурињо му одговори на Солскјер: За него големината на головите не е важна, важен му е шеснаесетникот

Оле Гунар Солскјер во саботата го „пецна“ Жозе Мурињо за ситуацијата со димензиите на стативите во Скопје.

Откако противникот пет пати ја погоди рамката од голот Солскјер изјави дека за нив е добро што Мурињо не е тука да ги измери головите. Жозе не остана без одговор.

„Денес не ги мерев головите затоа што знам дека се тие во ред. Вчера Оле беше среќен за тоа што му се случи на неговиот тим. Се шегуваше на моја сметка, а јас можам да кажам дека головите за него не се важни, за него е важна големината на шеснаесетникот. Мислам дека тој сака да игра во шеснаесетник кој е 20, а не 16 метри“, изјави Мурињо.

Секако, Жозе алудираше на големиот број пенали кои се судат за Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мартинез доби наследник што ја воодушеви Вила: Сузуки блеска меѓу стативите

Зион Сузуки брзо ја освои довербата во Астон Вила. Јапонецот не импресионира само со одбра…