Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Мурињо: Како човек од фудбалот разочаран сум од пеналот за Англија

Мурињо: Како човек од фудбалот разочаран сум од пеналот за Англија

И Жозе Мурињо јасно го кажа својот став за контроверзниот пенал кој го доби Англија против Данска.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Португалскиот стратег истакна дека Англија заслужено победила според играта на теренот, но не се согласува со досудениот пенал. За него тоа е погрешна одлука.

„Не беше пенал. Подобриот тим победи, Англија беше фантастична, но за мене тоа не е пенал. На ова ниво, во полуфинале на Европско првенство, не го разбирам судијата, а уште помалку ВАР зошто не го советуваше да ја гледа снимката или да ја промени одлуката“.

„Не ме сфаќајте погрешно, среќен сум што Англија победи, но како човек од фудбалот разочаран сум што се досуди таков пенал“, изјави Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Реал и Лајпциг се договорија за Диоманде, кој станува најскапиот африкански фудбалер

Реал Мадрид и Лајпциг за секој момент ќе го финализираат трансферот на Јан Диоманде на „Са…