Градските ривали од Манчестер се силно зантересурани за плејмејкерот на Ница, Жан Мишел Сари, пренесуваат англиските медиуми.
Мурињо е во потрага по квалитетн играч за врска кој би можел да биде замена за Мајкл Карик, додека Гвардиола бара наследник на 32-годишниот Фернандињо, а и на веќе заборавениот Јаја Туре.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сакутите на двата клуба веќе подолго време ги следат настапите на Сари, кој се етаблираше во еден од најдобрите плејмејкери во француското првенство.
И двајцата тренери имаат поширок список на играчи за врска, но Сари е при врвот на листата желби.
Плејмејкерот на Ница минатото лето беше и желба на Барселона, но Каталонците не успеаа да го комплетираат трансферот.