Дома Топ вести „Мурињо“ има „кец во ракавот“ спрема огромна понуда за еден од најдобрите на „милионерите“!?

„Мурињо“ има „кец во ракавот“ спрема огромна понуда за еден од најдобрите на „милионерите“!?

Според пишувањето на англиските медиуми, Жозе Мурињо припрема изненадувачка понуда и тоа за фудбалерот на Борусија Дортмунд.

Наводно, Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го доведе 19 годишниот фудбалер на Борусија Дортмунд, Кристијан Пулишиќ кој игра одлично оваа сезона.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Во некои медиуми веќе се наведува и дека „црвените ѓаволи“ испратиле понуда од 80 милиони евра и дека го чека одговорот од „милионерите“.

Да потсетиме, брзоногиот фудбалер на Борусија Дортмунд веќе се наоѓа на мета на Баерн Минхен, Ливерпул и Арсенал.

Борусија потфрли оваа сезона после одличниот старт, а како потврда на лошата на форма е елиминацијата во групната фаза од Лигата на шампионите.

Пулишиќ за „милионерите“ одигра 54 натпревари и постигна осум погодоци, додека за репрезентацијата на САД забележа 20 настапи и постигна веќе девет погодоци.

Во овој момент Пулишиќ се смета за еден од најголемите европски таленти.

the sun

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…