Дома Фудбал Англија Мурињо имал говор во соблекувалната: Ќе ви бидам татко, пријател, девојка – се!

Мурињо имал говор во соблекувалната: Ќе ви бидам татко, пријател, девојка – се!

Одморот на Жозе Мурињо од тренерската работа заврши, Португалецот вчера беше претставен како нов шеф на стручниот штаб на Тотенхем.

Мурињо на клупата на Тотенхем го замени Аргентинецот, Маурисио Покетино и сега пред него е тешка задача. Да ги врати „петлите“ на победничките патеки.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Вчера Мурињо го водеше првиот тренинг на екипата. Враќањето на Мурињо е главна тема на Островот, но и во неговата Португалија.

Португалски „Рекорд“ од свои извори дознал како поминал првиот ден на Мурињо со фудбалерите на Тотенхем.

Така, наводно Мурињо влегол во соблекувалната и зборувал со членовите на тимот. Низ шега некои играчи го прашале за неговата изјава дека никогаш не би го водел Тотенхем. На тоа тој одговорил дека се работело само за претстава пред јавноста и дека сега е еден од нив – дел од семејството.

Според она што го пишува „Рекорд“ говорот на Мурињо ја содржел и реченицата: Ќе ви бидам татко, пријател, девојка…Се што сакате.

Мурињо исто така им порачал дека верува дека се многу подобри од позицијата која ја имаат на табелата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дамата ги нагости граѓаните, Милан едвај, Барса го освои Дортмунд

Јувентус запиша голема победа и ја продолжи агонијата на Гвардиола, Милан едвај дојде до п…