Во натпреварот од 18. коло во Серија А Рома со 4:1 славеше против Аталанта и тоа на гости.
Аталанта беше можеби благф фаворит пред натпреварот, но Мурињо го надмудри Гасперини и оствари голема победа со која Рома дојде до 31 бод и петтата позиција на табелата. Аталанта после овој пораз останува трета, но можеби го губи чекорот со водечките тимови.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Денес Рома до водство дојде уште во првата минута преку Тами Абрахам. Потоа следеа напади на Аталанта, но Рома од контра преку Заниоло во 27. минута доаѓа до 0:2. Во завршницата од полувремето Муриел намали на 1:2.
Запата во 68. минута изедначи на 2:2 и исходот на мечот можеби ќе беше поинаков ако ВАР не го понишеше овој гол поради офсајд. Само четири минути подоцна Смолинг стрела за 1:3. Точка на натпреварот стави Абрахам во 82. минута.