Дома Фудбал Репрезентации Мундијалскиот сон за овие ФАНТАСТИЧНИ фудбалери заврши!

Мундијалскиот сон за овие ФАНТАСТИЧНИ фудбалери заврши!

Како и секогаш на Светското првенство не успеваат репрезентации кои во своите редови имаат фантастични поединци, па така и оваа година.

Голем број квалитетни фудбалери Светското првенство во Русија ќе мораат да го следат од пред малите екрани.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Постојат и голем број одлични репрезентации кои не се квалификуваа на овој Мундијал, а во продолжение прочитајте ги имињата на фудбалерите кои нема да настапат на ова Светско првенство.

Од Азија немаме многу, па тешко би можеле да наведеме, додека од Африка ги има повеќе.

Пјер Емерик Обамејанг е еден од нив, ѕвездата на Борусија Дортмунд и репрезентацијата на Габон нема да го гледаме на Мундијалот. Тука се уште Жоел Матип и Винсент Абубакар од Камерун и играчи како Емануел Адебајор, Асамоа Гјан...

САД не се квалификуваа на Светското првенство и нема да ги гледаме Кристијан Паулисиќ, Клинт Демпси, Боби Вуд...

Кога ќе погледме во Јужна Америка, тука има многу познати имиња. Алексис Санчез, Гари Медел, Маурицио Исла, Клаудио Браво, Хоре Валдивиа, се само некои од фудбалерите кои нема да ги гледаме на СП.

Секако во Европа ги има најмногу, Ван Перси, Робен, Ванијалдум, Бејл, Рамзи, Алаба, Јоветиќ, Јармоленко, Конопјанка, Џеко, Пјаниќ, Арда Туран, Чалханоглу…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Баерн има план: Го сака Зидан за тренер, во Минхен може да се врати и клупската легенда!

Баерн Минхен е во потрага по нов тренер бидејќи Томас Тухел заминува на крајот од сезоната…