Новиот тренер на Барселона, Чави сака да го доведе Алваро Мората во јануарскиот преоден рок, тврди „Марка“.
Некогашниот играч на Реал Мадрид, сега го носи дресот на Јувентус, но во италијанскиот тим игра како позајмен играч од Атлетико Мадрид.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Јувентус е во економска и спортска криза и може да се ослободи од Мората. Посебно што Аркадиуш Милик и Мауро Икарди се споменуваат како нови напаѓачи на клубот од Торино“, пишува мадридскиот весник.
Јувентус сигурно нема да го откупи Мората за 50 милиони евра, па таквата ситуација сака да ја искористи Барселона.
Чави веќе имал телефонски разговор со Шпанецот, кој дал „зелено светло“ за трансфер на „Камп Ноу“.
Задоволен од ваквиот трансфер би бил и Атлетико Мадрид, кој би добил пари кои би ги искористил да го доплати трансферот на Антоан Гризман токму од Барса.
🚨 Álvaro Morata is Xavi's priority signing for Barcelona at number 9. 💙❤️
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) December 30, 2021
The player doesn't want to continue at Juventus and Xavi has already spoken with him and his agent.
(Source: AS) pic.twitter.com/mUMLa3bQxI