Дома Трансфер зона Мората: Го одбив Наполи бидејќи не сум како Игуаин!

Мората: Го одбив Наполи бидејќи не сум како Игуаин!

Алваро Мората ова лето го напушти Јувентус и се врати во „својот“ Реал Мадрид, но многу клубови ширум Европа се обидоа да го донесат во своите редови.

Мората откри дека и Наполи доставил понуда за неговиот потпис и почнал преговори со неговиот агент, но напаѓачот експресно ја одбил понудата поради „верност“ кон „старата дама“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Мојот татко и мојот агент ме информираа дека пристигнала понуда од Наполи и дека почнале преговори. Но јас веднаш им одговорив ’заборавете на тоа’. Во Јувентус поминав прекрасни години и го сакам тој клуб, никогаш не би потпишал за Наполи. Игуаин направи свој избор, но јас никогаш не би направил како него“, изјави Мората.

Шпанецот утре повторно ќе игра на стадионот во Торино против Италија, но ја исклучи можноста да се врати во Јувентус.

„Не постојат никакви шанси да се вратам во Јувентус. Го сакам тој клуб и секогаш ќе биде дел од моето срце, но јас сум среќен во Реал Мадрид“, додаде шпанскиот репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…