Дома Фудбал Италија Монтела: Донарума ќе остане во Милан!

Монтела: Донарума ќе остане во Милан!

Тренерот на Милан, Винченцо Монтела истакна дека е пресреќен од освоениот бод против Лацио на „Олимпико“ и дека е горд на неговиот тим.

Милан дојде до бод на „Олимпико“ со голот на Сусо во 85-та минута, но тоа е одличен резултат ако се знае дека „росонерите“ играа практично со втор тим поради многуте отсуства поради повреди и суспензии.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Многу сум посреќен после овој меч отколку после било кој друг. Неверојатно сум горд што ги тренирам овие момци кои покажаа неверојатен тимски дух. Одигравме и подобри мечеви од овој денес, но тимот ја потроши целата енергија против Болоња. Сепак момците навистина ме допреа емотивно поради тимскиот дух и карактерот кој го покажаа“, истакна Монтела.

Донарума синоќа повторно блескаше на голот на „росонерите“, а Монтела е сигурен дека младиот голман уште многу години ќе игра во Милан.

„Знам дека раководство сака да го задржи и ќе му понуди нов договор кога ќе наполни 18 години. Џиџио е заљубен во овој клуб и сака да остане овде што е можно подолго. Јас сум среќен што тренирам такво дете кое на терен и надвор од него се однесува како возрасен човек“, истакна Монтела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Срамно: Навивачите на Челзи ја навредуваат девојката на Даклан Рајс, таа ги избриша сите фотографии

Навивачите на Челзи на трибините на „Емирати“ за време на последното дерби го исмејуваа из…