Како што пренесуваат италијанските медиуми, Фудбалскиот сојуз на Хрватска му понудил на италијанскиот стратег Карло Анчелоти да седне на селекторското место на оваа репрезентација.
Анчелоти неодамна остана без работа откако заработи отказ во Баерн Минхен и во овој момент е без ангажман, додека Хрватите после слабиот настап во Квалификациите го променијата селекторот Анте Чачиќ.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
На местото на Чачиќ привремено седна Златко Далиќ со кој Хрватска успеа да се избори за бараж за СП во Русија во кој ќе игра против селекцијата на Грција.
Според пишувањето на „Газета Дело Спорт“ хрватскиот сојуз на Анчелоти му испратил понуда да ја превземе селекцијата само ако се пласира на Светското првенство, како и тоа дека после Мундијалот тој би се вратил на клупскиот фудбал.
Хрватска во баражот сигурно ќе биде предводена од Златко Далиќ, а како што пренесува „Газета“ во хрватскиот сојуз се поделени мислењата за тоа дали тој треба да остане на клупата во случај на пласман. Оние кои не се за Далиќ го посакуваат Анчелоти за кого сметаат дека може да извлече максимум од талентираната екипа во која се наоѓаат, Лука Модриќ, Иван Перишиќ, Марио Манџукиќ…
Карло Анчелоти во својата кариера никогаш не предводел репрезентација, а во клупскиот фудбал се прослави водејќи ги Реџина, Парма, Јувентус, Милан, Челзи, ПСЖ, Реал и Баерн.