Дома Фудбал Лига на шампиони Можно е и да има навивачи сезонава во Лигата на шампионите и Лигата на Европа

Можно е и да има навивачи сезонава во Лигата на шампионите и Лигата на Европа

УЕФА донесе одлука преостанатите натпревари од Лигата на шампионите и Лигата на Европа да се играат во август.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Лигата на шампионите ќе се игра во посебен формат во Лисабон, додека натпреварот од Лигата на Европа ќе се играат во четири германски града Келн, Дуисбург, Дизелдорф и Гелзенкирхен.

Натпреварите од Лигата на шампионите ќе се играат во Лисабон, а во четвртфиналето и полуфиналето ќе се игра само еден натпревар. Финалето е на распоред на 23. август, додека турнирот во Лисабон почнува девет дена претхоно.

После оваа одлука се огласи и претседателот на УЕФА, Александар Чеферин кој порача дека постои шанса на овие натпревари да има навивачи, доколку се стекнат услови за такво нешто.

„Сегашната одлука е сите натпревари од Лигата на шампионите и Лигата на Европа е да се играат пред празни трибини, но до август тоа може да се промени. Постои шанса навивачите да бидат на трибините доколку се создадат услови за тоа. Не е јасно дали тоа ќе бидат само локални фанови или навивачи на клубовите кои ќе можат да допатуваат на натпреварите на своите екипи. Ќе ја следиме ситуацијата со Ковид-19 и ќе бидеме пресреќни ако имаме услови натпреварите да се играат со навивачи на трибините. Но, ќе повторам засега важи одлуката да нема навивачи“, изјави Чеферин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ираола веќе направи прв потег: Договори засилување за Ливерпул, ќе плати 58 милиони евра

Ливерпул започна со реконструкција на тимот за следната сезона, а новиот тренер Андони Ира…