Од година во година во медиумите се зборува за потенцијалното формирање на регионална фудбалска лига на територијата на поранешна Југославија, натпреварување кое би било слично на кошаркарската АБА лига.
Но, колку и да сакаат голем број љубители на фудбалот во овие простори да се случи ова, на крајот секогаш се доаѓа до заклучок дека „сеуште не е време“ за тоа, пред се поради многу поголемите безбедносни ризици шѓо би настанале со формирањето на таква фудбалска лига.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
По неколкумесечен молк на оваа тема, својот став по ова прашање го искажа и претседателот на УЕФА Александар Чеферин.
„Не ја исклучувам можноста за формирање регионална лига. Сепак, во моментов е многу ризично да се организира таква лига во нашиот регион или поранешната држава“, изјави Чеферин за српските медиуми во Белград.