Дома Видео Може да биде најголемото засилување за Барса: Магијата на Кутињо ги воодушеви навивачите ?

Може да биде најголемото засилување за Барса: Магијата на Кутињо ги воодушеви навивачите ?

Барселона во саботата на свој терен во пријателски натпревар го победи Елче со 1:0.

Каталонскиот клуб го одигра последниот пријателски натпревар пред почетокот на сезоната. Домашниот тим со минимални 1:0 го победија Елче, а единствениот погодок на натпреварот го постигна Гризман.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Деби во дресот на Барса запиша и Миралем Пјаниќ кој одигра триесетина минути. Но, она што навивачите ги израдува е фактот што Фелипе Кутињо беше прогласен за играч на натпреварот.

После позајмицата во Баерн бразилскиот играч се врати во Барса и сигурно е дека Коман ќе смета на неговите услуги. Се чини дека Кутињо ова лето може да биде најголемото засилување за Барселона доколку продолжи со одличните игри.

Една негова магија синоќа посебно го одбележи натпреварот и штета е што на крајот не резултираше со погодок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Јирген Клоп нема откупна клаузула, појасни неговиот работодавач

Дали Јирген Клоп може лесно да се врати како менаџер на некој клуб? Пред некое време се зб…