Дома Трансфер зона Можеби сепак не е крај – „Росонерите“ на состанок со семејството на Донарума?

Можеби сепак не е крај – „Росонерите“ на состанок со семејството на Донарума?

Вистинска „сапуница“ се случува овие денови со иднината на младиот голман од редовите на Милан, а сето тоа веројатно е само поради еден човек – Мино Раиола.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Но, сепак можеби сеуште има шанси Донарума да остане во Милан. „Росонерите“ во овој момент преговорите со вториот голман ги ставија во состојба на мирување.

Може ли да очекуваме пресврт?

Секогаш добро упатениот Џанлука Ди Марцио пренесува дека братот на Донарума отпатувал во Полска каде што Донарума го игра Европаското првенство до 21 година со цел да ги дознае неговите намери.

Како што пренесува Ди Марцио, семејството на Донарума се свртело против Раиола бидејќи сметаат дека во целата „сапуница“ премногу е нарушен нивниот углед. Наводно, во следните денови се очекува состанок помеѓу семејството и управата на Милан на кој се очекува преговорите да бидат обновени.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…