Лука Модриќ застана во одбрана на својот тренер Зинедин Зидан откако „кралевите“ со 4:1 победија на гостувањето кај Валенсија.
Реал Мадрид така го надмина шокот после елиминацијата од Леганес во четвртфиналето од кралскиот Куп.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Не можам да верувам дека постои сомнеж кон тренерот после се што направи. Тоа е лудост. Знаеме дека во фудбалот понекогаш работите одат добро, понекогаш лошо. Едноставно не можам да верувам во критиките кон тренерот. Нормално дека ние играчите го поддржуваме и дека сме со него“, изјави Модриќ.
Зидан од неговото доаѓање на клупата на „кралевите“ во јануари 2016 година освои осум трофеи, но оваа сезона многу рано отпадна од битката за титула во Примера.
Реал Мадрид моментално е на четвртото место и заостанува 16 бода за првопласираната Барселона.