Дома Фудбал Лига на шампиони Модриќ испишува: На „Вембли“ може да го прескокне Матеус и да дојде на чекор од Малдини

Модриќ испишува: На „Вембли“ може да го прескокне Матеус и да дојде на чекор од Малдини

До најголемиот натпревар во европскиот клупски фудбал остануваат уште само три дена, а битката за трофејот во Лигата на шампионите ќе ја водат Борусија Дортмунд и Реал Мадрид.

Реал Мадрид во финалето ќе се обиде да дојде до својата 15-та титула европски шампион, додека Борусија зад себе има само еден трофеј во ова натпреварување. Реал исто така е во неверојатна серија со победа на осумте последни финалиња во кои играа, последен пат во еден финален натпревар беа поразени од Ливерпул во 1981 година.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Натпреварот на „Вембли“ може да биде посебен за Лука Модриќ. Имено, ако Хрватот, одигра барем една минута во Лондон ќе стане четвртиот најстар фудбалер кој играл во финале на европско натпреварување.

На листата на пет најстари фудбалери во овој момент се Едвин Ван Дер Сар 40 години 211 дена (2011 година) Џанлуиџи Буфон 39 години 126 дена (2017 година), Паоло Малдини 38 години и 331 ден (2007 година), Лотар Матеус 38 години 66 дена (1999 година), Рајан Гигс 37 години 180 дена (2011 година).

Најстар победник е Малдини кој во таа 2007 година го победи Ливерпул со 2:1. Модриќ така има прилика тука да биде втор на листата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Дамата ги нагости граѓаните, Милан едвај, Барса го освои Дортмунд

Јувентус запиша голема победа и ја продолжи агонијата на Гвардиола, Милан едвај дојде до п…