Дома Фудбал Модриќ го прослави трофејот со нов договор

Модриќ го прослави трофејот со нов договор

Лука Модриќ има уште една причина за славење по освојувањето на Лигата на шампионите. 36-годишниот Хрват потпиша нов договор со Реал Мадрид, тврди Фабрицио Романо.

Според него, пред два месеци бил постигнат вербален договор, а договорот е веќе потпишан и официјално ќе биде објавен во наредните денови.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Модриќ пристигна во Реал од 2012 година и сака да ја заврши кариерата на „Сантијаго Бернабеу“. Хрватот веќе освои пет трофеи во Лигата на шампионите.

„Мислам дека по поништениот гол почнавме повеќе да веруваме, а Ливерпул почна да паничи. Тие веќе не беа сигурни и од тој момент почнавме да играме подобро. Победивме, што е најважно“, изјави Модриќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Оваа земја не го сака ВАР: Никогаш нема да го воведеме

Најдобрите лиги во Шведска нема да воведат систем за видео анализа (ВАР) откако фудбалскит…