Дома Фудбал Модриќ го откри она што никој друг не смееше да го каже!

Модриќ го откри она што никој друг не смееше да го каже!

Реал Мадрид синоќа доживеа тежок пораз од Тотенхем во Лигата на шампиони, а на „кралскиот“ клуб не му „цветаат рози“ ни во Примера каде заостанува 8 бода зад лидерот Барселон.

„Играме под своите можности, не сме во форма, но верувајте знаеме колку вредиме. Наскоро ќе го видите вистинскиот Реал“, изјави Лука Модриќ.

„Немаме ни физички ни психички проблем. Едноставно сме во криза и не играме добро. Меѓутоа, верувајте Реал знаел да се врати и после полоши ситуации. Така ќе биде и овој пат“, заклучи Модриќ.

Хрватскиот плејмејкер е единствениот играч на „кралскиот“ клуб кој призна дека Реал Мадрид е во криза. Тренерот Зидан и првата ѕвезда Кристиано Роналдо порачаа дека „се е во ред“ и дека „тимот не е во криза“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Како Маркус Рашфорд ги смени работите во своја корист?

Малкумина веруваа дека Маркус Рашфорд ќе добие важна улога во Манчестер Јунајтед, но ова л…