Вчера беа одиграни првите осминафинални натпревари од Лигата на шампионите (Рома – Порто, Манчестер Јунајтед – ПСЖ).
Тимот на Рома славеше со 2:1 против португалскиот претставник благодарение на фантастичниот настап на младиот напаѓач на „волчицата“ Никола Заниоло кој на „Олимпико“ испиша нова страница во европскиот фудбал.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Примениот погодок на Рома во 79-тата минута фрлија мала сенка на изданието момчето кое е вистински летен трансфер џек-пот на овој клуб.
Вчера Заниоло стана најмладиот Италијанец кој постигнал два гола во нокаут фаза од Лигата на шампионите. Со само 19 години…
„Многу сум среќен. За мене ова е незаборавен ден. Ништо не е готово. Имаме реванш. Не размислувам за моите голови, важен ми е тимот. Ќе се спремиме за реваншот. Нема ништо да им поклониме, бидејќи сме добар тим. Вечерва игравме добро, кога во прашање е прославата пред јужната трибина, тоа беше фантастично чуство. Се надевам дека ќе имаме уште многу прилики да славам“, изјави Заниоло.
https://www.youtube.com/watch?v=ClWdFufP6wU