Дома Македонски спорт Младинците поразени од Швајцарија, но се изборивме за полуфинале

Младинците поразени од Швајцарија, но се изборивме за полуфинале

Машката младинска селекција на Македонија ќе игра во полуфиналето од ФИБА „Челенџер“ турнирот во Шопрон. На третиот ден од натпреварите во овој унгарски град, нашиот тим “Под 20“ години загуби од Швајцарија (65-79).

Но во конечната разврска од групата „Д“, по три одиграни кола, се пласираше на второто место кое води во следниот круг.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Имавме коректна прва четвртина во која Швајцарија стигна до водство со последниот обид (28:26).

Но не продолживме во исто темпо. Особено тоа се однесува за средишниот дел од натпреврот во кој Швајцарија покажа дека во овој момент е подобра селекција од нашата.

Селекторот Симиќ мораше да игра со уште пократка ротација, што се одрази на играта, токму во втората однпосно третата четвртина кога противникот изгради убедливо водство доволно за победа и пласмна во полуфиналето.

Утре е слободен ден на „Челенџерот“ во Шопрон. Во полуфиналето нè чека подобриот од средбата Унгарија–Белорусија која стартува од 19.30 часот.

Фото: КФСМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Собирачите на сликички разочарани: Албумот за ЕП 2024 е големо фијаско, Англичаните најбурно реагираат!

Како што е познато подолго време, италијанскиот „Панини“ нема да го произведува популарнио…