Дома Македонски спорт Мак ракомет Младинците на чекор до пласман на Мундијалот!

Младинците на чекор до пласман на Мундијалот!

Младата ракометна репрезентација на Македонија успешно стартуваше на квалификацискиот турнир за пласман на Светското првенство во Алжир, откако во првото коло, ја совлада Полска 30:22.

Младите македонски ракометари со зрела игра, особено во првото полувреме, ја декласираа Полска, која пред почетокот на турнирот важеше за еден од фаворитие за освојување на првото место кое обезбедува пласман на младинскиот Мундијал во Алжир.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Одбраната 5-1, со Талески како најистурен во таа зона, им зададе многу проблеми на Полјаците, а максимално ја крена самодовербата кај избраниците на селекторот Илија Темелковски.Победата Македонија ја најави во првата половина од првиот дел, кога по почетните 3:0, потоа 6:2 и 8:3, создаде предност од 13:6.

Во второто полувреме Македонија стигна и до двоцифрена предност 22:12 во 37.минута, потоа уследи мал пад во играта, техничките грешки Полјаците ги искористија за една серија од пет гола, намалија на 24:18, но голманот Даскаловски со неколку интервенции спречи Полска уште повеќе да се доближи, а потоа Талески и останатите рутински го завршија натпреварот.

Шилегов со осум голови беше најефикасен, Талевски постигна пет, а по четири Велковски и Нелоски. Голем придонес во триумфот дадоа голманите кои имаа 15 интервенции, Даскаловски седум, Томовски осум.

Во четврток Македонија ќе игра против Португалија, во клучниот натпревар, бидејќи Португалците во првиот меч на турнирот ја победија Турција 40:27.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Миовски пресреќен: Чест ми е што сум во тимот на сезоната во Шкотска!

Репрезентативецот на Македонија, Бојан Миовски доби место во идеалниот тим на Премиер лига…