Бундеслигашот Вецлар потврди дека Филип Миркуловки ќе биде тренер на тимот до крајот на сезоната.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Управниот одбор на германскиот бундеслигаш го потврди она што се најавуваше, а на Македонецот ќе му помага Јасмин Чамџиќ.
„Разговаравме многу во претходниот период, вклучени беа и нашите искусни играчи, па сите се согласивме Јасмин и Филип да продолжат со работата“, изјави директорот на клубот, Бјорн Сеип.
Изјава по потпишувањето на договорот даде и нашиот Миркуловски.
„Немаме многу време да воведуваме нови работи. Затоа одлуката ја гледам како логична, во клубот сум осум години и добро го познавам. Знам кои играчи што можат да дадат на теренот. Сигурен сум дека можеме да успееме како тим“, изјави Миркуловски.
Миркуловски на клупата на Вецлар го наследи Хрватот, Хрвоје Хорват кој заработи отказ.