Како и целата репрезентација и човекот кој редовно заедно со Стојанче Стоилов добива најмногу „ќотек“ на натпреварите, Филип Миркуловски е задоволен од постигнатиот резултат на нашата селекција.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Кој и не би бил задоволен, Македонија во новата група каде што ќе игра против три навистина силни репрезентации (Шпанија, Данска и Чешка, распоредот можете да го погледнете ТУКА), стартува како лидер со единствена репрезентација со три пренесени бодови.
„Голем дел од ракометарите се соочуваат со мали повреди, но сега пред нас мал одмор и очекуваме истите да бидат санирани. Според мене натпреварот против Шпанија е најважен и сигурно дека ќе дадеме се од себе. Потоа следи Чешка и доколку славиме во овие два натпревари натпреварот против Данците може и да нема резултатско значење“, изјави Миркуловски.