Дома Трансфер зона Мирко Вучиниќ се враќа во Италија!?

Мирко Вучиниќ се враќа во Италија!?

vucinic

После три ипол години во арапскиот фудбал, каде што фудбалот не се сфаќа сериозно како во Европа, единствено платите се огромни, Мирко Вучиниќ би можел да се врати во Италија.

Сепак, овој пат не во Серија А каде што во својата кариера постигна 101 погодок, туку еден ранг подоле..


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За поранешниот репрезентативец на Црна Гора интерес покажа тимот од Серија Б, Фоџа. Како што пренесуваат медиумите во Италија големи се шансите трансферот да биде реализиран.

Тимот на Фоџа во овој момент има проблем со реализацијата и се наоѓа на 18 место на табелата во Серија Б и навистина и е потребен напаѓач кој знае да погодува.

Единствено нешто поради што стравуваа во италијанскиот клуб е состојбата на Вучиниќ. Црногорецот минатото лето ја заврши соработката со Ал Џезеира во ОАЕ, така што доживеа тешка повреда на коленото.

Во меѓувреме се опорави, веројатно доволно за повторно да заигра во Италија иако има 34 години. Да потсетиме, кога Вучиниќ го напушташе Јувентус истакна дека има голема желба кариерата да ја заврши во Лече, клубот кој го лансираше на големата сцена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи ја сака отпишаната ѕвезда на Манчестер Јунајтед

Челзи се вклучи во  трката за потписот на Мејсон Гринвуд кој оваа сезона игра на позајмица…