Дома Фудбал Германија Минхен го губи домаќинството на ЕУРО 2021?

Минхен го губи домаќинството на ЕУРО 2021?

Девет градови од оние 12 испратија потврда до УЕФА дека на нивните стадиони публика ќе може да има време за ЕП, Минхен е помеѓу градовите кои се уште не доставиле потврда до УЕФА.

Како што пишува германскиот „Ди Велт“ градот Минхен и германската фудбалска асоцијација (ДФБ) разгледуваат две сценарија за присуство на гледачи на „Алијанц Арената“ за време на ЕП. Едното сценарио е 20% исполнетост од капациетот, а другата максимум 40%.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Aко се погледне развојот на пандемијата второто изгледа ќе биде тешко изводливо. Градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтер на почетокот на неделата повикувајќи се на пандемијата истакна дека во овој момент не можат да гарантираат дека за време на ЕП ќе има гледачи.

По оваа негова изјава, германските медиуми пишуваат дека нема да биде чудо ако Минхен го загуби домаќинството и дојде до промена. На „Алијанц Арената“ предвидено е да се играат три натпревари од групната фаза и едно четвртфинале.

Последниот рок кога ќе можат да испратат потврди Минхен, Даблин и Билбао е 19. април.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…