Џејмс Милнер со голот од пенал во 81-та минута вчера ја обезбеди победата на Ливерпул во Кардиф.
„Црвените“ остварија важен триумф со резултат 0:2. Покрај голот на Милнер погодок постигна и Ванијладум, па тимот од „Енфилд“ со натпревар повеќе остана на врвот во Премиер лигата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа, на социјалните мрежи се појави интересно видео од ситуација при изведувањето на пеналот. Мохамед Салах кој се избори за прекршок во казнетиот простор ја зема топката да шутира, но Џејмс Милнер тоа не го дозволи.
Милнер на Салах буквално му ја одзема топката од рацете. Се обиде Египќанецот да го разубеди, но немаше успех и на крајот се повлече.
Разочарувањето на Салах што не доби можност да го изведе пеналот беше очигледно.
https://youtu.be/ZTAPEKNKBYw