Дома Трансфер зона Милинковиќ Савиќ е прескап и за Мурињо: Португалецот има нова мета – играч со кој веќе работеше!

Милинковиќ Савиќ е прескап и за Мурињо: Португалецот има нова мета – играч со кој веќе работеше!

mou

Веќе го тренираше како дете, сега ситуацијата е поинаква, а би можел и да биде одлично засилување во нападот на Манчестер Јунајтед.

Според тврдењата на англиските медиуми, Манчестер Јунајтед и понатаму не ја завршил работата околку доведување на Фред од Шахтјор кој има клазула од 60 милиони евра, а „ѓаволите“ нудат 10 помалку.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сепак се верува дека работата наскоро ќе биде завршена, а во исто време Мурињо преговара и со Тотенхем за Тоби Алдербилд, но „петлите“ не ја спуштаат цената и бараат огромни 75 милиони евра за Белгиецот.

Покрај Фред се бара и уште еден играч за врска. Се споменуваше Фабијан Руиз од Бетис кој има клазула од 30 милиони, изгледа дека Сергеј Милинковиќ Савиќ е прескап и за Манчестер Јунајтед, бидејќи Лотито му ја крева цената до небо.

Сепак, од утрово главна вест во англиските медиуми е интересот на Мурињо за Марко Арнаутовиќ!

Имено, Португалецот смета дека Австриецот или ако сакате Србинот роден во Австрија би бил идеално засилување во нападот.

Покрај тоа Мурињо одлично го познава Аранутовиќ му беше тренер на Интер, но тогаш му даде шанса само на три натпревари. Доколку навистина Арнаутовиќ направи трансфер на „Олд Трафорд“ тоа би било круна на неговата кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…