Дома Трансфер зона Милер спремен да замине – Четири европски гиганти чекаат „знак“!

Милер спремен да замине – Четири европски гиганти чекаат „знак“!

Германскиот напаѓач Томас Милер наредото лето би можел да ја напушти екипата на Баерн Минхен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фудбалерот кој од почетокот на својата кариера е дел од германскиот гигант минатата сезона беше стартер на 25 натпревари и постигна само пет погодоци, ова е најслаб голгетерски учинок на Германецот уште од сезоната 2008/2009 во која одигра само четири натпревари во Бундеслигата и тоа не беше стартер на ниту еден.

Милер во неколку ситуации истакнуваше дека не е задоволен од третманот кој го има кај Карло Анчелоти, па германските медиуми и претходно пишуваа дека тој би можел да го напушти клубот.

Сепак, тој одлучи да одигра уште една сезона, а доколку работите значително не се променат, сезоната која е во тек би можела да биде и негова последна. Во овој момент како потенцијални кандидати за доведување на Милер се споменуваат Арсенал, Челзи, Ливерпул и Јувентус.

Легендарниот фудбалер на Баерн до овој момент одигра 294 натпревари во Бундеслигата и постигна 111 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…