Дома Фудбал Милер за потегот на соиграчите по поразот од третолигашот: Неверојатно!

Милер за потегот на соиграчите по поразот од третолигашот: Неверојатно!

Германскиот третолигаш Сарбрикен приреди сензација во 2.коло од Купот на Германија, совладувајќи го Баерн со 2:1.

Избраниците на Томас Тухел се мачеа во текот на целиот натпревар и покрај тоа што поведоа во 16. минута со голот на Томас Милер.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Патрик Сонтхајмер го започна пресвртот на германскиот нисколигаш со гол во првата минута од судиското надополнување, а конечните 2:1 ги постави Марсел Гаус со гол во 96. минута. Стрелецот и легенда на Баерн Томас Милер (34) даде изјава по шокантното испаѓање.

“Има многу причини за овој пораз, во текот на 90-те минути игра има многу ситуации кои можевме да ги направиме подобро. Мораме да му честитаме на Сарбрикен. Се разбира, потребна е малку среќа, но не бевме паметни”, изјави Милер за АРД.

Во интервју за Скај, Милер потоа критикуваше неколку соиграчи кои не се поздравија со навивачите. “Навивачите, логично, често не се заинтересирани за резултатот или играта. Во фудбалот сепак може да се изгуби. Но, за мене е неверојатно што само тројца или четворица дојдовме да ги поздравиме навивачите. Не знам колку стотици километри извозеа во средината на неделата за да дојдат на натпреварот и нè поддржаа.

Најмалку што можеме да направиме е да ги поздравиме. Едноставно се работи за покажување почит. Веќе разговаравме за тоа во соблекувалната и во иднина ќе го правиме поинаку. Не можеме да се однесуваме така“, рече Милер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вторпат во седум дена нападнат судијата кој го запроси својот дечко!

Фудбалскиот судија Паскал Кајсер стана познат во јавноста откако неодамна, за време на нат…