Дома Македонски спорт Милевски: Ја респектираме Германија, но и ние нешто ќе се прашуваме

Милевски: Ја респектираме Германија, но и ние нешто ќе се прашуваме

Денес пред нтпреврот со Гермнија утре прес-конференција одржа селекторот Благоја Милевски.

Секој натпревар е посебен, па така и овој со Германија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Не би рекол дека победта со Лихтешнтајн ќе направи да влеземе по опуштено. Секој натпревар им своја тежина и со Лихтенштајн влеговме максимално сериозно што се виде на самиот терен. Не можам да кажам што би значело идеален натпревар против ваква репрезентација. Секако дека имаме и ние квалитети, па верувам дека и ние нешто ќе се прашуваме. Ние не би биле тука ако не се надеваме на резултат, ја респектираме Германија, но веруваме во својот квалитет.

Младите добро се справуваат со притисокот.

„Имаме шест млади играчи кои се приклучија, тие се наметнуваат и се справуваат со притисок. На нив е да го заслужат местото. Не можам да бидам незадоволен од она што го гледам на тренинзите. Но, како што кажав во иднина ќе мора да покажуваат дека заслужуваат да бидат тука.

„Ние имаме јасна цел и визија, сме во една фаза на создавање на нова физиономија. Сакаме да имаме конкурентен тим во квлификациите за Евро 2024 во Германија. Се до тогаш ќе искористиме за да изгледаме што подобро. Во овој момент имаме склоп на младост и искуство, поддршката од публиката секако ни помага за да ги оствариме зцртаните цели“.

Барди нема да биде во репрезентацијат и во овој натпревар поради повреда.

„Секако дека отсуството на Горан и посебно сега на Барди се чувствува. Горан повеќе не настапува за репрезентацијт, а неговиот допринос не само за репрезентацијта, туку и воопшто за фудбалот во Македонија е огромна. Ова ќе биде еден поразличен натпревар во однос на оној во Дуизбург и кај нив и кај нас има промени во репрезентациите.

Натпреварот со Германија започнува утре во 20:45 часот.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…