Дома Македонски спорт Милевски: Момците имаа одличен пристап, заслужуваат благодарност што беа тука овие 17 дена

Милевски: Момците имаа одличен пристап, заслужуваат благодарност што беа тука овие 17 дена

Репрезентацијата на Македонија денес забележа убедлива победа против Гибралтар со 4:0 во рамките од четвртото коло во Лигата на Нации.

Селекторот Благоја Милевски по денешната победа уште еднаш изрази жалост затоа што не го искористивме тој добар период со Грузија, а потоа примивме три гола.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Жалам и јас и фудбалерите, посебно е жално кога ќе изгубите таков натпревар. Тие 50-60 минути со Грузија беа едни од нашите најдобри, но не се враќаме назад на она што поминало. Одиме напред, ќе видиме што ќе донесат следните натпревари. Морам да ги пофалам момците за пристапот, овој тим им респект кон секого надвор од теренот, но на теренот кон никого. Сакам да им се заблагодарам за тоа што одвоија 17 дена од својот предвиден одмор за да бидат тука и да помогнат на репрезентацијата“.

На овој камп имше неколку фудбалери кои дебитираа во националниот тим, а Милевски е задоволен од она што го прикажале.

„Сите кои беа на овој камп покажаа дека се достојни да бидат дел од репрезентацијата и сигурно ќе бидат во плановите за понатаму“.

После натпреварите од ова коло во групата Македонија е второплсирана со седум бода, Грузиј лидер со 10, Бугарија е на тетата позиција со три и Гибралтар последен со еден бод. Во последните две кола Македонија ја очекува натпревар со Бугарија дома и Грузија на гости.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Челси гради шампионски тим: Мареска ќе купи две засилувања од Дортмунд

Челси оваа сезона игра во одлична форма и моментално се наоѓа на второто место во англиска…