Дома Топ вести Милвоки и Шарлот играа во Париз, прв трипл-дабл за Ленард, Јокиќ одличен (ВИДЕО)

Милвоки и Шарлот играа во Париз, прв трипл-дабл за Ленард, Јокиќ одличен (ВИДЕО)

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата Каваи Ленард го оствари својот прв трипл-дабл во кариерата.

ЛА Клиперси на гости го победија Мајами Хит со 117:122, а Ленард натпреварот го заврши со 33 поени, 10 скокови и 10 асистенции. Ленард до првиот трипл-дабл во кариерата стигна после повеќе од 500 натпревари.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Никола Јокиќ одигра добар натпревар за Денвер. Денвер славеше против Њу Орлеанс со 106:113. Српскиот кошаркар натпреварот го заврши со дабл-дабл учинок од 27 поени и 12 скокови.

Зион Вилијамс го одигра вториот натпревар за Пеликанси и повторно изгуби. Првиот пик на минатогодишниот драфт на крајот постигна 15 поени и имаше шест скокови за 21 минута.

Еден натпревар беше одигран и на европско тло. Во Париз силите ги одмерија Милвоки и Шарлот. Славеа Бакси предводени од Јанис Антетокумпо кој уфрли 30 поени. Конечниот резултат беше 116:103.

НБА резултати:

Њу Орлеанс – Денвер 106:113

Мајами – Клиперси 117:122

Сан Антонио – Феникс 99:103

Оклахома – Атланта 140:111

Минесота – Хјустон 124:131

Чикаго – Сакраменто 81:98

Њујорк – Торонто 112:118

Орландо – Бостон 98:109

Детроит – Мемфис 112:125

Шарлот – Милвоки 103:116

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Лапорта се расплака: Треба да бидеме горди на Чави🎥

Тренерот на Барселона, Чави Хернандес се предомисли и реши да остане на кормилото на клубо…