Дома Трансфер зона Милан ја сака норвешката ѕвезда од Генк

Милан ја сака норвешката ѕвезда од Генк

Италијанскиот гигант Милан покажува сериозен интерес за норвешкиот репрезентативец и член на белгиски Генк, Сандер Берге.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Газата дело Спорт“ пренесува дека скаути на Милан веќе подолго време го следат Берге и клубот е спремен да испрати понуда во зимскиот преоден рок.

21-годишниот играч за врска може да игра на повеќе позиции во средниот ред, а Милан сака да го засили средниот ред во зимскиот преоден рок.

Берге е на мета на повеќе европски гиганти, па Милан сака да ја победи конкуренцијата и да го договори трансферот уште во јануари.

Италијанските медиуми тврдат дека моменталната цена на играчот изнесува 20 милиони евра, сума која Милан е спремен да ја плати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…