Дома Топ вести Милан ја сака младата ѕвезда на Челзи

Милан ја сака младата ѕвезда на Челзи

Младиот напаѓач Тами Абрахам може да го напушти Челзи во летниот преоден рок.

Овој 22-годишен напаѓач не се согласува со условите на новиот договор и се повеќе се зголемуваат гласините дека ќе го напушти „Стамфoрд Бриџ“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Притоа не е задоволен од статусот во тимот и ретко добива минутажа оваа сезона, па сака да ја промени средината.

Ситуацијата будно ја следи италијанскиот гигант Милан, кој сака на лето да го донесе на „Сан Сиро“.

Милан во јануари го донесе Томори на позајмица од Челзи, кој се покажа како одлично засилување и најверојатно ќе биде откупен на лето.

„Росонерите“ сакаат да ја искористат ситуацијата и добрите односи со Челзи за да го договорат трансферот на Абрахам.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…