Дома Трансфер зона Милан тргнува по ѕвездата на Челзи

Милан тргнува по ѕвездата на Челзи

Англиските медиуми пренесуваат дека Вилијан би можел да го напушти Челзи, а најсериозен кандидат за неговиот потпис е италијанскиот гигнат Милан.

Вилијан не е задоволен од својот статус кај Антонио Конте и слабата минутажа која ја добива, па решен да ја промени средината во јануари, со цел да биде во форма за Светското првенство.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските медиуми пренесуваат дека „сините“ наводно нема да му стојат на патот и дека веќе ја одредиле неговата замена, а тоа е Лукас Моура од ПСЖ.

Челзи за неговата слобода ќе бара 30 милиони евра, а покрај Милан силен интерес за него има и од Кина, каде може да му се придружи на својот пријател Оскар.

Единствен проблем за „росонерите“ се големите примања на Бразилецот, кој доколку се согласи да се пресели на „Сан Сиро“ ќе мора да прифати помала годишна плата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Крај на една ера: Марко Ројс заминува од Борусија Дортмунд!

Легендата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс ќе си замине по завршувањето на актуелната сезо…