
Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е сериозно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Шкодран Мустафи.
Фудбалерот кој во Лондон пристигна од Валенсија летото 2016 година за 35 милиони фунти, не ги оправда очекувањата, има проблеми и со повредите, па во Арсенал го изгубија трпението и се спремни да го продадат.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
„Топџиите“ веќе започнаа преговори со Ерик Баи од Манчестер Јунајетд, па со продажбата на Мустафи сакаат да го финансираат тој трансфер.
Милан сака да ја искористи таквата ситуација и веќе стапил во контакт со агентот на Германецот.
Мустафи има искуство во Серија А, својата фудбалска афирмација ја доживеа во Сампдорија и е спремен да се врати во Италија.
Сепак, „росонерите“ ќе треба да ја победат конкуренцијата бидејќи за него интерес покажуваат уште Баерн Минхен и Борусија Дортмунд.