Англиските медиуми пренесуваат дека Жоржињо Вајналдум дефинитивно ќе го напушти Ливерпил на крајот на сезоната.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Актуелниот договор на Вајналдум истекува на крајот на сезона, па 30-годишниот Холанѓанец на лето ќе го напушти клубот како слободен агент.
За него интерес покажуваат Барселона и ПСЖ, а сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Милан.
„Росонерите“ сакаат значително да го засилат тимот за следната сезона, кога се очекува конечно да се вратат во Лигата на шампиони.
Малдини ќе се обиде да ја искористи стуацијата и да го донесе Холанѓанецот на „Сан Сиро“, бидејќи смета дека покрај квалитет ќе го донесе и потребното искуство.
Барселона полека се повлекува од трката за неговиот потпис, па главен конкурент на Милан ќе му биде француски ПСЖ.