Дома Трансфер зона Милан спреми 100 милиони за летни трансфери

Милан спреми 100 милиони за летни трансфери

Денешното издание на „Газета дело Спорт“ пренесува дека Милан ќе има солиден буџет за трансфери во летниот преоден рок.

Сопствениците на клубот, фондот „Елиот“ одобрил буџет од 100 милиони евра за летна селекција, плус парите од продажба на одредени фудбалери кои повеќе не влегуваат во проектот.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Половина од оваа сума, скоро 50 милиони евра Милан ќе потроши на доведување на двете ѕвезди од Лил, Свен Ботман и Ренато Санчез.

Приоритет е исто така засилување на десната крилна позиција, тука главни мети се Марко Асенсио и Доменико Берарди, а нивната сума е околу 30 милиони евра.

Во нападот треба да пристигне Дивок Ориги од Ливерпул без обештетување, а најголема желба е Џанлкука Скамака. Сасуоло за неговата слобода бара 40 милиони евра, но Милан ќе се обиде да го договори трансферот со плаќање на две или три рати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Што се чека: Зошто трансферот на Шчесни се уште не е официјализиран?

Војчех Шчесни и понатаму чека официјализирање на трансферот во Барселона. Како што пренесу…