Реал Мадрид бил спремен да го продаде Марко Асенсио во летниот преоден рок, но играчот ги одбил сите понуди.
Асенсио остана во Мадрид, но јасно е дека со доаѓањето на Мбапе неговата минутажа додатно ќе се намали, па сега и самиот е спремен да ја промени средината.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Најсилен интерес за Шпанецот покажува Милан, кој наводно уште во летниот преоден рок преговарал со Реал за негов трансфер.
Шпанските медиуми пренесуваат дека „росонерите“ испратиле понуда од 35 милиони евра и го сакаат Асенсио во јануари.
Сега Асенсио сериозно размислува да ја прифати понудата на „росонерите“, но останува да видиме дали трансферот ќе се реализира сега или по завршување на сезоната.