Најголемите италијански клубови покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиумите на Апенините.
22-годишиот Зиркезе поникна во академијата на Баерн Минхен, но бидејќи не можеше да се избори за место во тимот беше испраќан на позајмици.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Оваа сезона блеска во дресот на Болоња и го привлече вниманието на многу европски клубови.
Милан покажува најсериозен интерес за Холанѓанецот и го посочил како главна трансфер цел за летниот преоден рок, бидејќи во Зиркзе гледа идеален наследник на Жиру.
„Росонерите“ сакаат да ја победат конкуренцијата па спремиле понуда од 30 милиони евра плус потписите на Салемакерс и Коломбо.
Салемакерс игра во Болоња како позајмен фудбалер со право на откуп од 10 милиони евра, а вредноста на Коломбо изнесува 7 милиони евра во моментов.