„Газета дело Спорт“ пренесува дека Милан е силно заинтересиран за двете ѕвезди на Сасуоло, Скамака и Берарди.




Џанлука Скамака оваа сезона се етаблираше во еден од најдобрите млади напаѓачи во Серија А и интерес за него покажуваат сите големи италијански клубови.




Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Милан сака да ја победи конкуренцијата и веќе спремил понуда за италијанскиот репрезентативец.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека „росонерите“ го сакаат Скамака во „пакет“ со Берарди и за двајцата понудиле 45 милиони евра.




Сасуоло смета дека понудата е ниска, но двата клуба следната недела ќе започнат преговори.