Дома Фудбал Италија Милан спреми нов договор за Кеси

Милан спреми нов договор за Кеси

Милан игра одлично во последно време, а еден од најдобрите поединци кај „росонерите“ е Франк Кеси.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кеси во првите две сезони играше просечно, но откако дојде тренерот Пиоли на клупата тој е незаменлив во тимот на Милан.

Неговиот договор истекува во 2022 година, но Милан сака што е можно побрзо да ја продолжи соработката бидејќи Кеси на лето ќе влезе во последната година од договорот.

Малдини веќе имал средба со агентот на Франк Кеси и му понудил нов тригодишен договор тежок 4 милиони евра по сезона плус бонуси.

Самиот фудбалер сака да остане во Милано, па се очекува двете страни брзо да постигнат договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Голем трансфер во Катар, Лацио остана без капитенот

Алесио Ромањоли повеќе не е фудбалер на Лацио. Искусниот италијански стопер одлучи да го н…